Деновите на Отоманската империја завршија. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас, повикувајќи ја Турција да се придржува кон меѓународното право, цитира Катимерини.

Турција мора конечно да разбере дека повеќе не може да се однесува како да сме во 18 или 19 век, рече Дендијас по брифингот на претставниците на опозицијата за настаните во Кипар, вклучувајќи го и планот водачите на кипарските Турци за делумно отворање на напуштеното одморалиште Вароша.

Деновите на Отоманската империја завршија. Почитувањето на меѓународното право и поморското право се водечките принципи на односите меѓу државите, рече Дендијас.

Би било во интерес на турското општество да се реализира овој факт, бидејќи мислам дека голем дел од туркста јавност ги дели овие ставови, рече првиот дипломат од Атина.