Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја заврши ревизијата на американската политика кон Северна Кореја, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за новинарите во авионот Ер форс еден изјави дека целта на Соединетите држави е сè уште целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но таа забележа дека претходните четири администрации не успеаја да ја постигнат таа цел, пренесува Ројтерс

Нашата политика нема да се фокусира на постигнување на големо решение ниту ќе се потпре на стратешкото трпеливост, рече Псаки.

Наместо тоа, рече таа, САД ќе се фокусираат на практичен пристап што е отворен и ги истражува дипломатските можности со Северна Кореја и постигнување практичен напредок што ја зголемува безбедноста на Соединетите држави и нивните сојузници.