По втор пат во период од шест месеци Кина затвора еден еден голем пазар како основа од каде се шири корона вирусот. Во текот на декември мината година беше затворен пазарот во Вухан од каде, како што проценуваат Кинезите, почна првиот бран на корона вирусот. Сега кинеските власти го затворија еден од најголемите пазари во Пекинг. Тоа го отвара прашањето дали можеби пазарите се најголемите жаришта за ширење на заразата!?

Ана Глигиќ, вирусолог во пензија, која беше шеф на лабораторијата во Белград, во време на епидемијата на вариола вера во 1972 година во тогашна СФРЈ, во интервјуто за Радио Сараево ја отвара дилемата како нејлесно се пренесува вирусот.

Треба добро да се изанализира дали болеста се пренесува од заразен на заразен или има извори на друго место. Ова е големото прашање сега. Гледам во Пекинг затворија една цела област околу најголемиот пазар. Значи повторно дошло од основниот извор. Немало пренесување од човек на човек, туку повторно од пазар, како што почна сè. Треба да се види кој сè е преносител на тој вирус, вели Глигиќ.

Во секој случај остануваат многу отворени прашања и дилеми за улогата на пазарите во ширењето на вирусот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *