Универзитетот во Оксфорд привремено престана да вакцинира деца и тинејџери како дел од студијата за истражување на вакцината, што ја разви со AstraZeneca, во очекување на повеќе информации за врската помеѓу лекот и формирањето на тромбови, објави Волстрит журнал.

Европската агенција за лекови ги испитува извештаите за ретка церебрална тромбоза по вакцинацијата. 
Прес-конференција за ова прашање се очекува денес или утре, штом експертите го финализираат својот извештај.