Кратер со длабочина од 43 метри останува по експлозијата во либанската престолнина Бејрут, објави телевизијата Скај нјуз Арабија, повикувајќи се на либански полициски извори.

Експлозијата во пристаништето во Бејрут остави зад себе кратер длабок 43 метри – наведува телевизијата.

Катастрофална експлозија се случи во Бејрут на 4 август во близина на пристаништето недалеку од либанската поморска база. Загинале 158 лица, а шест илјади се повредени. Ударниот бран на експлозијата уништи и оштети десетици куќи и автомобили, а прозорците се искршени во многу делови на градот.

Според локалните власти, причина за експлозијата била детонацијата на 2.750 тони амониум нитрат ( шалитра ) кој бил складиран во пристаништето откако бил запленет во 2014 година.

По изборите во 2018 година, повеќето од 128 места во либанскиот парламент се контролирани од вооружената група „Хезболах“ и нејзините сојузници, блиски на Иран, кои сега се обвинуваат за правење држава во држава, слабеење на институциите и нивна дисфункционалност.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *