“Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија. Ветото само ке биде континуитет на таквата катастрофална политика”.

Ова го напиша поранешниот македонски премиер и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил.

Знаете што сакаше да им каже Љубчо Георгиевски на Бугарите? Дека ја изгубија битката за Македонија. И дека за тоа не им се виновни ни Тито, ни Коментерната, ни Белград, ни Москва, никој друг не им е вионовен освен т’пите бугарски политичари.

Знаете кога се употребува вето? Во крајна нужда. Грците го употребија ветото дури во 2008 година, после 17 години разговори и преговори. И Грците го употребија ветото за да докажат дека ние и Грците сме различни. Бугарите ќе употребат вето за да докажат дека ние и Бугарите сме исти.

Ја разбирате ли таа грандиозна глупост? Вето значи развод, раздвојување а не спојување. Не може со вето да се покаже дека ние и Бугарите имаме заедничка историја. Тоа е тоа колосално промашување на Софија за кое ќе станат свесни за некој месец или некоја година.

Во тој меѓупростор од 17 години имаше се и сешто со Грците, од тајни преговори за конфедерација меѓу Македонија и Грција до прифаќање на имиња од типот Република Македонија ( Скопје ), Република Славо Македонија до Република Горна Македонија, па до атентат врз Киро Глигоров.

На крајот од краиштата во 2001 година украинското оружје во најголем дел дојде преку Грција, а не преку Бугарија. И Грција никогаш не кажа збор за тоа, ниту пак ни префрлаше со пораки од типот-што ќе беше ако ние не ви помогневме. Како што тоа го прави Бугарија во секоја прилика-Бугарија прва ве призна, во времето на санкциите кон СР Југославија и ембаргото од Грција преку Бургас и Варна се снабдуваше Македонија итн.

За разлика од нив Македонија никогаш не кажа дека во времето на техничката влада на Стефан Софијански, таа 1997 година, со испратеното жито од Македонија Бугарија се спаси од глад. Во тоа е разликата. Пријателите и соседите не ги кажуваат и не се фалат со такви работи.

Сега Бугарија го употреби ветото. Знаете што значи тоа вето? Дека Бугарија повторно, овој пат финално, капитулираше во однос на македонското прашање. Зидот меѓу Македонците и Бугарите секогаш беше многу голем, но сега со ветото тој зид е поголем и од големиот Кинески ѕид.

Тоа денес им го кажа Љубчо Георгиевски на Бугарите. Проблемот е што во денештата бугарска власт многу малку луѓе тоа можат да го разберат.

Ние им благодариме на Бугарите што ни ставија или ќе ни стават вето. Со тоа вето Бугарија долгорочно е исфрлена од игра во Македонија. Бугарите тоа не го сфатија кога беше потпишан Преспанскиот договор и беше договорено името Северна Македонија. Сега тој договор е клучниот проблем на Бугарите. Од една страна го имате тој договор, а од друга страна го имате влијанието на таа таканаречена седма југословенска република ( тоа се уметноста, културата, музиката ) која ја надживеа пропаста на СФРЈ.

Тие две работи, во пакет со примитивниот национализам на Каракачанов поддржан од Бојко Борисов, ја направија Бугарија губитник и во преговорите и во политичка но и во историска смисла.

Ветото е надгробната проча на погрешната бугарска политика во однос на Македонија. Ние можеме само да им заблагодариме на Каракачанов, Захариева и на Борисов.

Патем речено Претседателот Радев не се меша многу во оваа работа!? Чудно, нели!?