Иако епидемија со ковид-19 е во тек, се чини дека сè уште има многу дилеми кои ја мачат јавноста и докторите.

Многу факти за вирусот ковид-19 сè уште не се познати, но ситуацијата дополнително се комплицира со мноштвото на дезинформации, противречности и ирелевантни изјави кои кружат низ медиумите и социјалните мрежи.

Како нема сезонски грип, затоа што носиме маски, а има коронавирус затоа што не сме носеле доволно маски? И за каков вирусот станува збор кога со сапун може да се убие? Тоа се најчестите прашања што многумина ги поставуваат, а на кои епидемиолозите не секогаш имаат добри одговори.

На Балканот сè уште нема сезонски грип, не затоа што носиме маски, туку затоа што сè уште не му е време.

Секоја година, првите случаи на сезонски грип се појавуваат кон средината или на крајот на декември. Во последните 50 години само еднаш се случи епидемијата да се појави во ноември. Оваа година очекуваме дека вирусот Х1Н1 ќе биде малку послаб од вообичаеното и дека нема да има такво дејство како минатата година, кога училиштата и институциите беа буквално десеткувани од бројот на заразените, вели епидемиологот д-р Радмило Петровиќ.

Тоа е пред се резулатат на фактот дека маската навистина ќе не заштити повеќе од грипот отколку од коронавирусот, бидејќи грипот е инфекција со капки, а короната се пренесува преку воздухот, тврди лекарот.

Понатаму, короната е многу поотпорна, додека вирусот на грип живее најмногу неколку часа. Ова не значи дека маските не штитат од корона, но вирусот е многу распространет, трае подолго и полесно се заразува. Секако, маските исто така го намалуваат бројот на заразени со ковид-19, но во многу помала мера во споредба со грипот, вели тој.

Второто најчесто поставувани прашање што брзо се прошири на социјалните мрежи е „каков е тоа вирус, кога го убива обичен сапун”? Еве што на тоа одговара докторот Петровиќ.

Сапунот не го уништува вирусот, туку само механички го отстранува и го симнува од површината на кожата. Тоа значи дека вирусот преживува, но ние само го отстраниваме од нашето тело. Се работи за заблуда која е проширена. Излезе дека решението за вирусот е многу едноставно, но се разбира тоа не е така, објаснува д-р Радмило Петровиќ.