Некои фудбалери кои имале тешко детство и пораснале во нехумани услови не го забораваат минатото и славата и парите воопшто не ги менуваат.

Садио Мане многу веројатно е најскромниот фудбалер на светот, барем кога се во прашање оние со големи примања.

„Бев гладен. Играв бос. Што ќе ми се десет Ферари и два авиони? Дали овие работи му служат за доброто на светот. Изградив школи, стадион, даваме облека, обувки и храна на најзагрозените.“

„Секој месец донирам по 70 евра на сите жители во најсиромашните делови на Сенегал за да придонесам во семејната економија.“ – рече Мане.

Животната приказна на овој 28-годишен играч е добро позната. Во детството останал без татко. Тогаш си ветил дека ќе направи се да му помогне на своето семејство, а на крајот и успеа.

Инаку, Мане во Ливерпул заработува шест милиони евра годишно и не е ни блиску до најплатениот играч на Црвените, Мохамед Салах кој заработува 11 милиони евра.

извор : спортски.мк