Што ќе прави Бранко Црвенковски? По разни портали пишува дека планира да прави политичка партија пред локалните избори? Ако тоа се случи тогаш Црвенковски ќе тргне по патот на Љубчо Георгиевски.

Георгиевски ја формираше ВМРО НП во периодот меѓу претседателските избори во 2004 и локалните избори во 2005 година. На локалните избори во 2005 година ВМРО НП беше сериозна конкуренција на ВМРО ДПМНЕ. Нешто слично како Љубе Бошковски и неговата кандидатура на претседателските избори во 2009 година, кога во вториот круг влегоа Ѓорѓе Иванов од ВМРО ДПМНЕ и едвај Љубомир Фрчкоски од СДСМ. Тогаш Љубе Бошковски и македонскиот барак Обама-Имер Селмани беа сериозни играчи на изборите.

Дали Црвенковски би можел да оди по патот на Георгиевски? Луѓето блиски до него се уште не ја отфрлаат идеата за формирање на нова партија. Но се чини дека карактерот, а богами и годините на Црвенковски, не се гаранција дека тој може да влезе во ризик како Георгиевски. Иако, за воља на вистината, кога Тито Петковски во 2005 година ја формираше НСДП тој беше една година повозрасен од Црвенковски.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар. Целата анализа можете да ја погледате на следниот линк: