Само неколку недели пред претседателските избори на 3 ноември, Доналд Трамп беше заразен со вирусот корона. Оваа вест отвори голем број прашања за тоа што може да се случи во деновите што доаѓаат.

Кои настани во кампањата ќе треба да ги пропушти претседателот?

Трамп мора да биде во самоизолација десет дена откако доби позитивен резултат од тестот на Ковид-19, за да може да учествува во следната претседателска дебата закажана за 15 октомври.

Митингот закажан за во петок на Флорида беше откажан, а претседателот наместо да присуствува на собирот, „телефонски разговараше со постари лица со поголем ризик од Ковид-19“, објави Белата куќа.

Под кои услови може да се откажат изборите?
Престојот во болницата и самоизолацијата очигледно имаат влијание врз неговата кампања.

Но, прашањето е дали изборите може да се одложат и како тоа би се случило.

Според законот, претседателските избори во Америка се организираат секој прв вторник во ноември, четири години – оваа година, 2020 година, треба да се одржи на 3 ноември.

Само членовите на Конгресот, а не претседателот, можат да донесат одлука за промена на датумот.

За да се донесе одлука за одложување, мнозинството и во Сенатот и во Претставничкиот дом мора да гласаат за тоа. Таквиот исход е малку веројатен, бидејќи одлуката ќе треба да биде поддржана од Претставничкиот дом, под контрола на демократите.

Дури и ако беше донесена одлука за одложување на изборите, Уставот на САД предвидува претседателскиот мандат и администрацијата да траат само четири години,

Така, мандатот на Трамп автоматски ќе истече напладне на 20 јануари 2021 година

За промена на датумот на изборите, потребен е уставен амандман, кој ќе треба да биде одобрен со двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, а потоа и од три четвртини од американските држави.