Сподели

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во саботата изјави дека лековите и идната вакцина против вирусот корона треба да им се даваат најпрво на оние на кои им е најпотребно, а не на оние кои ќе имаат подобра финансиска понуда, пренесе Ројтерс.

Ако ги оставиме вакцините и лековите на оној што најмногу нуди, наместо на оние на кои им е најпотребно, ќе имаме подолг, неправеден и смртоносен процес на пандемија. Лидерите мора да донесат тешка одлука за дистрибуција базирана на праведност, а не само на пазарните фактори – рече Гејтс на видео конференцијата организирана од Меѓународното здружение за борба против сидата.

Гејтс додаде дека напорите направени во борбата против сидата може да бидат модел за идна достапност на лекот против ковид-19.

Како што изјави тој, добар пример е глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, кој е основан во 2002 година, како и планот на американскиот претседател за дистрибуција на лекови за сида.

Светската здравствена организација објави дека во овој момент 21-на вакцина била тестирани на волонтери и се во фаза на клинички испитувања.


Сподели