Граѓаните на Вухан, град во Кина, кој важи за поранешен епицентар на коронавирусот во светот, вчера излегоа во голем број на улиците, додека добар дел од остатокот од светот останаа во своите домови за време на Новата година.

Фотографиите и видеата од Вухан го обиколија светот, бидејќи жителите на тој град ги преплавија улиците за да ја пречекаат 2021 година, но некои луѓе сепак носеа маски, како мерка на претпазливост, иако во тој град не е забележан пренос на ковиди од 10 мај.

Постариот дел од населението беше на улица, додека младите се одлучија за ноќни клубови, пренесува весникот Сан.

Некои луѓе, кои се најдоа во гужвата за Нова Година, рекоа дека внимаваат, но дека не се плашат.