Во почетокот на мај 2001 година, во екот на војната против Македонија што ја започнаа Али Ахмети и неговата таканаречена „Национална ослободителна армија“ македонскиот претседател Борис Трајковски го посети Вашингтон на покана на американскиот претседатело Џорџ В. Буш да разговара за состојбата и да побара американска поддршка за Македонија.

Како што е вообичаено при такви посети, претседателот Трајковски се сретна и со претставници на американскиот Конгрес, од кои исто така побара поддршка. На 3 мај се сретна со сенаторот Џо Бајден, кој тогаш беше претседавач со Комитетот за надворешни работи на Сенатот, а поради одредени промени во Сенатот, беше реизбран на оваа функција во јуни истата година.

Трајковски зборуваше со Бајден за нападите што ги вршеа Ахмети и ОНА, и го доби следниот одговор од него: „тука не се работи за тоа што е правилно, туку за тоа што е возможно“. Со оваа шокантна изјава сенаторот од Делавер практично им порача на Македонците дека самите треба да се погрижат проблемот да исчезне.

За него не беше важно што е исправниот пристап и кој е во право во оваа ситуација – прашањето на исправно и погрешно не беше фактор во неговото размислување – за него беше важно конфликтот да престане – по секоја цена. Класичен пример на политички опортунизам, што според речникот означува „да се постапи на начин кој ни е најзгоден, а не на начин кој е морално исправен“.

За споредба со изјавата на Бајден, од Белата куќа претседателот Џорџ Буш, портпаролот Ари Флајшер рече дека „претседателот јасно и порача на Македонија дека може да преземе било каква акција која што е потребна да се справи со проблемот што го создадоа екстремистите.

Дали по изборот на Бајден за претседател на Америка ќе имаме подобри односи со Америка останува да видиме .