Луѓето кои живееја во Југославија знаат како се произведуваше скоро сè во поранешната држава – од игла до локомотива. Често се слуша од луѓето од нашата област дека „денес увезуваме сè“ , а причината за тоа се крие во компаниите што претходно постоеја во „Југа“.
На социјалните мрежи кружи мапа со споменатите компании и на неа се гледа се што е произведено во Југославија. Дел од југословенските производи биле користени буквално низ целиот свет, а како што пишува Кликс, биле произведени бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.
Се разбира, на мапата има и компании кои биле производители на облека, храна и други потреби. Сепак, многу од овие компании веќе не постојат или се под „лупа“ на банкрот .