Не спуштија во подрумот и потоа преку тајните излези ни ставија во хермелини и не однесоа на непозната адреса. Мислам дека тоа беше во некоја касарна. Можно е да е тоа касарната во Ѓорче Петров. Прво таму бевме пратениците од ВМРО ДПМНЕ, а потоа беа донесени и пратениците од СДСМ, на чело со сегашниот премиер, Зоран Заев.

На овој начин поранешниот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Крсте Јовановски објаснува што се случувало вечерта на 27 април 2017 година кога беше упадот во македонското Собрание.

Според Јовановски се работи за едно добро осмислено сценарио што во тој период се реализирало во Македонија. За него е големо изненадување како ВМРО ДПМНЕ така лесно ја изгуби власта кога и поддршката на граѓаните и целата власт била во нивни раце.

Ова е само дел од сведоштвата за тоа што се случи на 27 април 2017 година. Целата емисија Во Центар можете да ја погледате на следниот линк: