Борислав Чуљак, дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Западна Херцеговина, од утрово престојува во Мостар, каде во градската мртвачница Бјели бријег, присуствува на обдукција на телата на трагично починатите осум млади луѓе од Посушје, која ја води Дражен Дамјанук, специјалист по судска медицина.

Во кратката изјава пред мртовечницата, Чуљак рече дека причината за смртта е најверојатно гушење.

Начинот на кој тоа се случи ќе го покажат резултатите од обдукциите, но и експертизата што ќе ја спроведеме. Имено, ќе спроведеме одредени вештачења поврзани со областа каде што се случи трагедијата – рече Чуљак за Аваз.

Обвинителот Чуљак исто така е крајно потресен од оваа невидена трагедија. Како што ни рече, тој немал ваков случај во неговата 37-годишна кариера.

Имав секакви случаи, но немав ваков, со толку мртви. Особено ме погоди фактот дека станува збор за млади луѓе, 19-годишници, рече тој.

Пред мртовечницата немаше ниту еден член на семејствата на трагично починатите. Како што беше кажано, телата на осумтте млади луѓе ќе бидат предадени на нивните семејства откако ќе биде извршена обдукцијата на сите нив.