Руските банки почнаа поактивно да инвестираат во злато и други благородни метали. На крајот на август тие имаа акумулирано 121 тон злато, што е рекорден показател, според извештаите на Централната банка.

Обемот на инвестициите на банките во злато и други метали на 1 септември изнесуваоколу 7 милијарди евра. Зголемувањето во споредба со претходниот максимум, достигнато во октомври минатата година, е 10,9 проценти.

Во текот на август, залихите на благородни метали во руските банки се зголемија за 23,3 тони. На крајот на јули достигнаа деветгодишен максимум и продолжија да растат, достигнувајќи 2.000 долари за 31,1 грам.

Зголемувањето на инвестициите во злато и други благородни метали во банкарскиот сектор започна во мај. Економистите ја објаснија таквата политика стравувајќи од понатамошен пад на економијата и пад на берзата поради развој на пандемијата со корона вирус. Златото традиционално се смета за сигурно средство, а во време на криза побарувачката за него и цената на златото растат.