Гувернеркста на Орегон, Кејт Браун, рече дека шумските пожари што уништиле стотици хектари земја и уништиле цели заедници ја довеле нејзината држава „на работ“ од капацитетот да функционира.

Браун пред новинарите изјави дека го замолила претседателот Доналд Трамп да прогласи состојба на природна катастрофа во земјата на северозападот на Америка, со што ќе се ослободат дополнителни федерални ресурси за пожарникарите и други лица за итни случаи, пренесува Гласот на Америка.

Минатата недела Трамп веќе прогласи федерална вонредна состојба за Орегон.

Ендрју Фелпс, директор на државната агенција за вонредни состојби, изјави дека е потврдено дека десет лица го загубиле животот, а 22 сè уште се водат за исчезнати.

Метеоролозите предвидуваат дождови во Орегон за четврток, што може да им помогне на пожарникарите да ги спречат пожари и да може да се исчисти воздухот од чадот што ја покрива државата по избувнувањето на шумските пожари.

Еколошките власти го опишуваат квалитетот на воздухот во Орегон како „опасен“ и „многу нездрав“.

Видливоста е помала од 500 метри во некои делови, според Националната метеоролошка служба.

Пожарите, кои избувнаа по неколку недели рекордно високи температури и сув ветер, уништија повеќе од милион хектари земја и шума во Орегон, државата Вашингтон и Калифорнија.