Несогласувањето на врвот на владата зборува за голем конфликт меѓу луѓето во врвот .

Иранскиот претседател Хасан Рухани го отфрли законот усвоен од парламентот со кој им се забранува на Обединетите нации да вршат увид во нуклеарните капацитети на државата.

Според светските медиуми, Рохани изјавил дека причината за неговата одлука е дека овој закон ќе биде „штетен за дипломатските напори за рестартирање на нуклеарниот договор од 2015 година и со тоа да се олабават американските санкции“.

Според познавачите на ситуацијата, иранскиот парламент го донесе законот од заради неодамнешното убиство на познатиот нуклеарен научник Мохсен Фахризад. Оваа ситуација, сепак, го илустрира конфликтот меѓу „тврдата линија“ во Техеран, кој има мнозинство во собранието, и Рохани, кој во овој случај не пропагира конфронтирачки пристап со Западот.

Законот предвидуваше и намера за зголемување на збогатувањето на ураниум за 20%, доколку европските земји не ги олеснат санкциите во клучниот ирански сектор за нафта и гас во следниот месец и не го вратат нивниот пристап до меѓународниот банкарски систем.