Во последно време самиот Владимир Путин почнува да кажува што ќе прави по завршувањето на политичката кариера. Досега, најчесто, британските медими пишуваа и објавуваа за крајот на политичката кариера на Путин и потоа тоа беше експресно демантирано од Кремљ. Сега таа тема ја отвара самиот Путин.

Пред половина година Русите на референдум изгласа промена на уставот со кои му овозможуваат на Путин да се кандидира за уште два претседателски мандати и да не мора да ги прави оние рокади-кога се сменуваа со Медведев на премиерската и претседателската функција. Така што зачудува зошто Путин сам ја отвара таа тема и тоа во овој момент кога почнуваат да се јавуваат протести во самата Русија, кога во Москва градонаначалникот има повисок рејтинг од претседателот на државата и слични примери.

По големите протести за време на викендот портпаролот на Кремљ даде многу чудна изјава, што не е нешто што досега сме го слушале и читале од медиумската машинерија на Путин. Песков имаше потреба да објасни дека тие што протестираат се помалку од тие што гласаат за Путин. Досега Кремљ не реагираше и не коментираше протести во Русија на тој начин.

Многумина велат дека многу луѓе излегоа на нелегалниот протест во Русија, што не е точно, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за телевизијата Русија 1.

Сега многумина ќе речат дека многу луѓе учествуваа во незаконската акција и протестите. Не, малку луѓе излегоа, додека многу луѓе гласаа за Путин. И многу луѓе гласаа за измени и дополнувања на Уставот (за избор на претседател). Ако ги споредите бројките, ќе видите колку малку луѓе имаше на протестите, иако се тоа државјани на Русија, рече Песков.

Потоа следуваше видеото за наводниот раскореш дворец на Путин кое беше објавено на јутјуб и кое постигна огромна гледаност. Кремљ прво молчеше околу тоа прашање а потоа следуваше негирање од нивна страна. Но тоа сепак покажува дека тие не ја водат играта туку ја санираат штетата.

Палатата во Геленџик на брегот на Црното Море, за која лидерот на опозицијата, Алексеј Навални тврди дека е во сопственост на претседателот Владимир Путин, е во сопственост на група претприемачи. Ова на новинарите им го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, јави ТАСС.

Сепак, тој не ги соопшти нивните имиња, бидејќи тоа би било некоректно.

Еден ден порано, во разговор со студенти, самиот Путин изјави дека дворецот за кој станува збор никогаш не бил негов или на некој од неговите роднини.

Навистина е тоа голем објект, тој е добро познат во Геленџик. Еден или неколку претприемачи се директно или индиректно сопственици на тој објект, рече Песков. Тој истакна дека Кремљ нема право да ги открива нивните имиња.

За на крај и самиот Путин на средба со студентите да одговори на тоа прашање за тоа дали тој дворец е во негова сопственост, а потоа неочекувано пред студентите да проговори и што би правел по завршувањето на својата кариера.

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на разговорите со руските студенти, рече дека еден ден може да се занимава со лозарство.

За време на состанокот, Данил Чемезов, студент на трета година на Државниот технички универзитет во Уфа, го праша Владимир Путин што е точно во врска со видеото што започна да кружи, а наводно се гледа дека претседателот има палата во близина на Геленџик. Меѓу другото, таму се прикажани лозја. Одговарајќи на студентот, претседателот рече дека, според она што го видел, бил заинтересиран за производство на вино.

Путин рече дека веројатно може да се справи и со тоа, но не преку бизнис.Тоа е многу добар вид активност, ми се чини, благородна – изјави тој. Претседателот додаде дека производството на вино во Русија се развива добро и истакна дека неговиот советник Борис Титов е сопственик на компанијата „Абрау Дурсо“.

Кога ќе ја завршам мојата работа, можеби ќе работам како негов советник, но не како бизнисмен, туку како специјалист, барем во областа на правото – рече тој.

И на крај доаѓаме до Алексеј Навални. Зарем верувате дека така сериозна служба како што е руската ќе си дозволи да има неуспешен атентат врз лидерот на руската опозиција? И дека во Русија на Путин пилотот на авионот принудно ќе слета со авионот во кој се наоѓа отруениот Навални? Такво промашување не прави ни македонската служба, а за руската служба тоа е рамно на политичко самоубиство.

Нешто се случува во Москва зад завесата. Русија е секогаш таинствена кога се случуваат тие работи но однесувањето на Путин е многу чудно, најблаго кажано.