Велика Британија ја менува тактиката при вакцинирање против коронавирусот – тоа ќе го одложи примањето на втората доза кај веќе вакцинираните со првата доза од вакцината, а се со цел да се овозможи што е можно поголем број луѓе да биде вакцинирани барем со првата доза од вакцината, објави БТА.

Експертите, лекарите и производителите го прогласија чекорот за ризичен. Повеќе од половина милион Британци веќе ја примиле својата прва доза и се закажани за втора вакцинација во рок од 21 ден. За повеќето од нив, сепак, тоа ќе се одложи за најмногу 12 недели.

Целта е да се обезбеди барем една доза од вакцината за што повеќе луѓе. Така, поголем дел од населението ќе има некаков, иако не оптимален, имунитет.

Сепак, според медицинските организации, оваа ненадејна промена на плановите ќе изврши огромен притисок врз здравствениот систем.

Бионтех работи напорно со својот партнер Фајзер за да го зголеми производството на нивната вакцина против новиот коронавирус, соопштија основачите на германската компанија. Тие предупредија дека може да има одложувања во испораката сè додека не се произведат нови серии на вакцината, пренесе БТА.

Работите во моментов не изгледаат добро. Има дупка поради недостаток на други одобрени вакцини и ние мора да ја пополниме со нашата вакцина, рече директорот на Бионтех, Угур Шахин, во интервју за Шпигел.

И Сахин и неговата сопруга Јозлем Туреџи, коосновач и директор на медицински работи во Бионтех, ја критикуваа одлуката на ЕУ да нарача голем број различни вакцини, очекувајќи наскоро да бидат одобрени.

Соединетите држави нарачаа 600 милиони дози на вакцина од „Бионтех“ и „Фајзер“ во јули, а ЕУ порача половина од тоа во ноември.

“Во одреден момент стана јасно дека нема да може да се достави вакцината толку брзо. Тогаш беше предоцна да се направат дополнителни нарачки”, рече Туреџи во истото интервју.

FILE PHOTO: Vials with a sticker reading, “COVID-19 / Coronavirus vaccine / Injection only” and a medical syringe are seen in front of a displayed Pfizer logo in this illustration taken October 31, 2020. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration/File Photo

Бионтех планира да изгради нова производна линија во германскиот град Марбург што може да обезбеди 250 милиони дози на вакцина во првата половина на годината, рече Сахин.

Шахин исто така рече дека Бионтех може да го олесни чувањето на вакцината. Во моментов, оваа вакцина бара складирање на температура од минус 70 степени. Можно е следната генерација на вакцина да биде готова до лето, која може да се чува на повисоки температури.