Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Наполи ги завршија настапите во Лигата на шампионите, откако Барселона се покажа како преголем залак (3-1).
Наполитанците со активен резултат допатуваа на „Камп Ноу“, но не одолеаја на нападите. Елмас доби шанса да настапи на оваа средба и доби завидна оценка од италијанските медиуми за неговиот настап.
Оценката за играчот од средниот ред е 6,5, за десет минути на теренот. По мечот, ја имаме фотографијата на денот. Македонскиот „дијамант“ Елиф, во друштво на волшебникот од Барселона, Лионел Меси, кој имаше неверојатно издание и го реши мечот.
Елмас имаше кратка конверзација со Меси, кој ќе продолжи во Лигата на шампионите и чека на четвртфинале со Баерн Минхен. Каква чест, најголемата македонска фудбалска надеж, заедно со еден од најдобрите, ако не и најдобриот во историјата на фудбалот!
Извор: гол.мк