Катица Ќулавкова деновиве е многу актуелна. Хелсиншкиот Комитет поднесе пријава против неа за говор на омраза за еден нејзин став напишан на социјалните мрежи. Одеднаш Ќулавкова почна да биде напаѓана од луѓето со кои беше заедно во шарената револуција. Што се смени во меѓувреме? Ќулавкова била секогаш голем противник на политиката на Никола Груевски, го обвинуваше дека намерно не ги финансира проектите на МАНУ и дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ само на зборови се борат за патриотизам меѓу Македонците и Албанците, а во основа прават се друго и различно од тоа.

Како вели во оваа интервју Ќулавкова: Медиумите во неколку минути во вестите објавија дека Македонија отстапила делови од својата територија при договарањето на границите со Косово, додека со денови и месеци во медиумите се пишуваше за предлогот на размена на територии во 2001 година. Според Ќулавкова се случува невиден грабеж на државата во мандатот на владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, се потпиша Мајскиот Договор со кој се урна унитарноста на државата а тоа се крие преку медиумски спинови.

По изборите во 2016 година почнува оддалечувањето на Ќулавкова и старите соборци од шарената револуциуја. Една група на интелектуалки и “неутралки” преку Гордана Силјановска го поминаа мостот и се сега далеку од политиката на СДСМ а блиску до политиката на ВМРО ДПМНЕ. Тие интелектуалки “неутралки” како Катица Ќулавкова, Биљана Ванковска,. Каролина Ристова Аастеруд и други беа формално или неформално дел од т.н. граѓански изборен штаб на Гордана Сиљановска на ланските поретседателски избори. Можеби Ќулавкова очекувала по завршувањето на мандатот на Таки Фити да биде Претседател на МАНУ? А можеби едноставно не се согласуваше со СДСМ и политиката за договори со Грција и Бугарија. Во основа ставовите на Ќулавкова секогаш биле меѓу патриотски и националистиќки, но сега за прв пат некој ја обвинува за говор на омраза.

Да видиме што зборуваше Ќувавкова во оваа видео кога беше шарен револуционер:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *