Појавата на нов вид коронавирус на југо-истокот на Англија предизвика загриженост на глобално ниво, откако премиерот Борис Џонсон рече дека може да се прошири и до 70 проценти побрзо од оригиналната верзија.

Што знаеме за симптомите?
Научниците потврдија дека мутираниот коронавирус, наречен VUI-202012/01, има поголема стапка на пренесување отколку другите форми на вирусот, пренесува Independent.

Новиот вид на коронавирус не предизвикува посериозна болест од другите варијанти на болеста, додаде Валанс.

Со оглед на брзината на пренесување, Валанс рече дека ограничувањата во Англија треба да се засилат.

Иако VUI-202012/01 сега е најконцентриран во Лондон и во други области на југо-источна Англија каде се воведени нови ограничувања, нов вид коронавирус е забележан и надвор од Велика Британија.

Велшкиот министер Марк Дрејкфорд во понеделникот изјави дека се потврдени повеќе од 600 случаи на новиот вид на коронавирус, а случаите досега се потврдени во Австралија, Данска и Гибралтар.