По десет месеци без гинеколошки прегледи, во скопската општина Шуто Оризари  ќе почне да работи гинекологот д-р Божидар Бошковски, соопшти Министерството за здравство. Локацијата за ординацијата е најдена, а на вчерашаната средба меѓу министерот за здравство Венко Филипче и д-р Бошковски било договорено Министерството за здравство да ја опреми ординацијата.

Од Министерството за здравство ни рекоа дека гинекологот во Шуто Оризари ќе почне со работа откако ќе завршат административните формалности.