Според шведската здравствена агенција, на патникот од Велика Британија му се слошило откако пристигнал во Шведска и бил позитивен на тестот.

Ројтерс пренесува дека патникот, кој не бил идентификуван, бил ставен во карантин по пристигнувањето во Шведска и дека досега не биле откриени нови позитивни случаи.

На почетокот на овој месец, Шведска воведе ограничувања и мерки за патување од Велика Британија поради загриженост за новиот вид ковид-19, слично на оние преземени од други земји во ЕУ и низ целиот свет.