Законот беше донесен во услови на шок од втор бран и значително зголемување на бројот на пациенти во последните неколку недели.

Шведскиот парламент денеска усвои закон за пандемијата , со кој на владата и се даваат нови овластувања за спречување на ширењето на коронавирусот во земја која досега имаше контроверзен пристап во борбата против инфекцијата и главно се потпираше на не-присилни мерки.

Оваа земја се најде на насловните страници на бројни светски медиуми затоа што никогаш немаше намера блокада како што постоеше во другите европски земји, но започна да ги заострува мерките среде посилен втор бран.

Новиот закон стапува на сила во недела и дозволува на владата да затвора бизниси, трговски центри или јавен превоз кога е потребно, пренесува Дејли меил.

Исто така, овој закон ќе овозможи да се ограничи бројот на дозволени лица на јавни места.