Состојбата во Македонија во врска со заразените од корона вирусот не е воопшто добра, но Шведска која се посочуваше како пример на алтернативно справување со пандемијата има огромни проблеми.

Денес, трет ден по ред, во Шведска е забележано големо зголемување на нови инфекции од вирусот корона, што изнесува 1.056 заразени за еден ден, објави Шведската агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел, на вчерашната прес-конференција изјави дека има зголемен број случаи, претежно на западот на Шведска и кај помладата популација.

Со денешниот број од 1.056 ново заразени, вкупниот број на случаи на коронавирус е 43.939.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, заедно со денешните 77 смртни случаи.

Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел, кој стои зад стратегијата на земјата да не се затвори заради пандемијата на вирусот корона, денес призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Со месеци, Тегнел го бранеше својот пристап како подобар и одржлив, додека ги критикуваше другите земји за нивните премногу рестриктивни мерки.

Но, во интервјуто за шведското радио, тој се согласи со домаќинот дека премногу луѓе во таа земја умреле.

Ако би се соочиле со истата болест сега, со она што го знаеме денес, мислам дека би одбрале стратегија некаде помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот на светот, рече Тегнел.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *