Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денес го погоди регионот на Тајван, објави германскиот истражувачки центар за геологија.

Земјотресот се случи на длабочина од 67 километри, објави Ројтерс.

Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.