Силна експлозија одекна утринава во центарот на Белград, при што загина едно лице.

Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас, а Телеграф.рс од својот извор дознава дека експлозијата се случила кога работниците носеле боци со гас.

Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.