Делови од Грција денес беа погодени од силно невреме, а во Солун има една жртва кога водата предизвикана од силниот дожд му го однесе автомобилот.

Според грчката противпожарна служба, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по неговото возило се уште трае, пренесуваат агенциите.

Силно невреме ја погоди Атина, а неколку атински населби останаа без електрична енергија.