Најтешки навреди кон целото семејство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги искажа денес еден од симпатизерите на Драган Ѓилас на социјалната мрежа Твитер.

Човекот кој го следат над 1.000 луѓе напиша најпримитивни и најболни навреди кон децата, родителите и целото семејство на претседателот.

Исто така е тешко да се пренесат сите навреди презентирани во тој болен и вулгарен твит полн со примитивна омраза.