Таткото на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, Јоле, почина во Загреб.

Според хрватскиот портал Индекс, Јоле Петровиќ, таткото на Дражен и Александар Ацо Петровиќ, го напуштил овој свет на 94-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Тој беше неподвижен последните години и живее во главниот град на Хрватска.

Јоле Петровиќ е роден во Требиње, а се вработи како полицаец во Шибеник, каде што стана и заменик началник на локалната полициска станица.