Полицијата потврдила дека несреќата се случила утрово, а во неа биле вклучени три автомобили, пренесуваат медиумите. “денес во 05:25 часот на патот Приштина – Урошевац , на кружниот тек кај јужната полициска станица, се случи несреќа во која учествуваа три возила.
Едно лице е повредено во несреќата. Случајот го презема сообраќајната единица”, изјави портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.
Според медиумите, Ендрит Тачи е во добра состојба и бил пуштен по интервенцијата во болницата во Приштина.