Конфликтот што се започна вчера меѓу Ерменија и Азербејџан станува се понапнат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој отворено застана на страната на Азербејџан како братска земја, е поврзан со паравоени единици на сириски борци кои заминаа на фронтот.

Станува збор за џихадисти од Сирија кои во претходните недели беа „донесени“ во Азербејџан во голем број.

Како што се шпекулираше, тоа е одмазда на Турција кон Ерменија поради конфликтот со Азербејџан во јули оваа година.

Борци од Сирија се распоредени на стратешки важни локации во Азербејџан за да можат брзо да реагираат во случај на ескалација на непријатни настани, што се случи вчера.

На социјалните мрежи започнаа да кружат снимки од џихадисти кои одат кон борбената линија и конфликтот со Ерменија.

Патем, ова е борба за регионот Нагорно Карабах, за која локалните Ерменци побараа отцепување од Азербејџан во 1988 година. Иако не ја постигнаа независноста, по војната во 1994 година и победата над Азербејџан, тие управуваат со оваа територија што ја нарекуваат Република Артсах.

Ерменското Министерство за одбрана објави дека ги проверува извештаите дека борци од Сирија наводно војуваат на страната на Азербејџан во конфликтот со силите на самопрогласениот автономен регион Нагорно Карабах со мнозинство ерменско население.

Според Ројтерс, Хикмет Хаџиев, соработник во надворешната политика на азербејџанскиот претседател, ги отфрлил ваквите обвинувања изнесени од Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Велика Британија.