Снимките од крвавите конфликти во Нагорно Карабах, кои можат да се најдат на социјалните мрежи секој ден, го открија вистинскиот пекол на војната во овој регион.

Едно од последните што започна да кружи е видео во кое наводно се гледа како сириски платеник се бори на страната на Азербејџан.

На видеото се гледа маж облечен во маскирна униформа на азербејџанската армија. Тој се слуша на арапски „како се моли на Бога да му помогне“ и додаде дека биле „масакрирани“ од силен артилериски оган.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Азербејџан користи касетни бомби за гранатирање на Карабах, изјави портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Аркарун Хованисјан на својата Фејсбук страница.

Азербејџан користи касетни бомби против цивилното население, кои ги лансира од системот ЛАР-160”, напишал Хованисјан.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека конфликтот во Карабах мора да се реши сега, бидејќи Баку не може да чека уште 30 години.

Вклучувањето на сириски платеници во конфликтот во Нагорно Карабах го спречува повлекувањето на ерменските сили од регионот, рече денеска ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

Терористите од Блискиот исток се борат на страната на Азербејџан, чиј спонзор е Турција. Како некој сега може да сугерира населението во Нагорно-Карабах да остане незаштитено од терористи и екстремисти, праша Пашинијан.