Европската интеграција бара одржливи и неповратни резултати во градењето добрососедски односи на Балканот. Ова го изјави шефот на бугарската држава Румен Радев, кој оствари средба со претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и премиерот на Португалија Антонио Коста, државата која е ротирачкиот претседател на Советот на ЕУ. Состанокот беше инициран од претседателот на Европската комисија и португалскиот премиер пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Во фокусот на состанокот беа можностите за напредок во усвојувањето на рамката за преговори и отворањето на преговорите за членство во Европската унија од страна на Република Северна Македонија.

Румен Радев потсети дека процесот на проширување на ЕУ е надворешен политички приоритет повеќе од 10 години и Бугарија е најзаинтересирана за брзиот напредок на нејзината најблиска земја на Балканот. Сепак, напредокот во процесот на европска интеграција треба да се заснова на почитување на човековите права и целосно почитување на копенхашките критериуми за членство во Унијата.

Потребни ни се и позитивни примери во билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, како и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите, истакна бугарскиот претседател. Румен Радев го оцени како добар знак заедничко одбележување на празникот со светите браќа Кирил и Методиј од страна на делегациите на Бугарија и Република Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од македонска страна за постигнување конкретни резултати .

Привремената влада на Бугарија е подготвена да спроведе активен дијалог со Република Северна Македонија во оваа насока, како и да разговара за можностите за забрзување на процесот на европска интеграција, рече Румен Радев. Шефот на бугарската држава исто така посочи дека секоја можна одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ од страна на Република Северна Македонија ќе биде внимателно анализирана и споредувана со Декларацијата на бугарскиот парламент и Рамковната позиција на Бугарија за проширување на ЕУ и процесот за стабилизацијата и асоцијација од октомври 2019 година