Меган Маркл го следеше погребот на војводата од Единбург на телевизија.

Сепак, нејзината ракописна порака се најде на цветен венец на ковчегот на Филип. Според Дејли меил, таа и Хари избрале цвеќиња од една локална фарма, а меѓу нив имало и мека јаглика.

Тоа е национален цвет на Грција и се најде на венецот како почит кон потеклото и наследството на Филип. Мека јаглика расте во јужна и југоисточна Европа, вклучувајќи го и брегот на Јадранското море.

Лекарот ја советувал Меган да остане во Калифорнија и да не оди на погребот на принцот Филип, бидејќи смета дека десетчасовниот лет е ризичен поради нејзината бременост.