Оваа одлука на Airbnb е одговор на бројни апели од локални, државни и федерални претставници

Компанијата за резервации Airbnb ќе ги блокира или откаже сите резервации за сместување во американската престолнина една недела пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, eо Бајден.

Оваа одлука на Airbnb е одговор на бројните апели на локалните, државните и федералните власти до туристите и бизнисмените да не патуваат во Вашингтон пред инаугурацијата на претседателската функција.

Пред два дена, компанијата Airbnb издаде соопштение во кое најавува забрана за резервации поради опасност од насилни екстремистички групи и потврдува дека сите оние чии резервации се откажани ќе им бидат парите вратени целосно.