Владата на својата денешна седница го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат. На тој начин е разрешена таа мини криза во владината коалиција, кога веќе разрешениот Пауновски се спротистави на владината одлука одреден дел од вработените според рамковниот договор, кој седеле дома а земале плата, да бидат вработени во институцијата која ја водел сменетиот Пауновски.

Целиот случај предизвика големо медиумско внимание и реакции во јавноста. Беа формирани групи за поддршка на Пауновски кој се промовираше во еден вид борец против рамковните вработувања. Но на крај владата пресече и го смени од функцијата.

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува…

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Tuesday, April 27, 2021

Во одлуката објавена на фејсбук страната на владата, меѓу останатото, се наведува дека оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат.

Инаку, Стојко Пауновски беше во два наврати носител на изборната листа на СДСМ во шестата изборна едница, на изборите во 2011 и 2014 година, а беше и долгогодишен прв човек на СДСМ во Тетово.