Словенечката влада денеска одлучи да ги продолжи за една недела сите поголеми мерки за ограничување на движењето , вклучително и забрана за собирање, движење меѓу општините и полициски час од 21:00 до 06:00 часот.

Јавниот превоз сè уште нема да работи, а сегашниот режим на носење маски, кој вклучува маски на отворено, ќе остане во сила најмалку уште две недели, пренесува словенечката агенција СТА.

Градинките, продавниците што не ги продаваат потребните производи, културните институции и баровите и рестораните остануваат затворени барем уште една недела, а на границите нема никакви промени во режимот. Постојните ограничувања на спортските активности ќе останат во сила најмалку уште две недели.