Има многу теории на заговор за нападот врз њујоршките кули „Близначки“ на 11 септември 2001 година.

Поминаа 19 години од терористичкиот напад во Њујорк. Многумина сè уште веруваат во теории на заговор и не се согласуваат со официјалниот извештај дека Кулите биле нападнати од терористи на Ал Каеда на 11 септември 2001 година, а за тоа постојат повеќе причини.

Првата причина е што кулите се срушија премногу брзо. Потребни беа петнаесет до дваесет секунди за да се срушат двете кули близначки, што беше доволно брзо за теоретичарите на заговор да се сомневаат во употреба на други средства за уривање, освен самата авионска несреќа.

Првата причина водеше кон втората. Експлозивни легури и експлозиви изработени од војската, како и многу тони стопен челик, беа пронајдени во подножјето на облакодерите, под прашината и во остатоците. Во врска со ова, теоретичарите на заговор тврдат дека самото уривање било премногу тивко, односно дека уривањето на зградата, доколку е предизвикано од самата авионска несреќа, би било многу побучно, порасфрлано и понеуредно отколку што беше случај со облакодерите. Уривањето на облакодерите звучело, според теоретичарите, како контролирано, намерно уривање со експлозив.

Третата причина за сомневање е уривање на облакодерот број седум, кој не бил погоден од авион, туку се срушил од самиот удар на експлозијата. Теоретичарите на заговор сметаат дека е невозможно овој облакодер да се сруши сам, толку правилно од горе надолу, според сопствениот нацрт дизајн.

Но, не се само гравитацијата и експлозивите причини за сомнеж во вистинитоста на официјалниот извештај. Теоретичарите на заговор го нудат како доказ списокот на киднапери и луѓе кои учествувале во нападот, објавен од Би-Би-Си во првите денови по трагедијата. Имено, некои луѓе од таа листа подоцна се покажаа живи, што е секако невозможно ако беа меѓу киднаперите. Би-Би-Си објасни дека тие отишле премногу брзо со непроверена листа, но исто така и дека грешките од овој тип се чести поради вообичаените арапски имиња и презимиња.

Само шест часа по рушењето на Близначките, се роди првата теорија на заговор. Кулите беа уништени од контролирана експлозија.

Ниту денес никој не може да ги убеди теоретичарите на заговор дека кулите, изградени за да го издржат ударот на патнички авион, се срушиле поради авионската несреќа и пожарот што следел.

Едно од прашањата што ги заинтригирало теоретичарите е како некои луѓе успеале да се симнат од катовите над над ударот на авионот до катовите под него пред да се срушат двете кули. Многу од нив, како и преживеаните и пожарникарите, слушнале низа експлозии. Друга мистерија е како градителите кои работеле на зградите не мислеле дека авионот, кој евентуално ќе го погоди облакодерот, ќе биде полн со гориво.

Физичарот Стивен Е. Џонс од Универзитетот Бригам, архитектот Ричард Гејџ, софтверскиот инженер Џим Хофман и теологот Дејвид Реј Грифин се убедени дека има и друг фактор – супертермит.

Остатоците од таа силна експлозивна направа беа пронајдени во урнатините на Близначките. Самиот термит може да се најде во секојдневни работи, како што се челични конструкции, но супертермитот е вид кој е модифициран да реагира на пониски температури и веројатно е достапен само на војската. Во составот е откриена непозната органска супстанца, која може да биде нанотехнолошки производ, поради што била наречена нанотермит. Уредникот на списанието Open Chemical Physics Journal, кој го објави текстот на Џонс „Активен термален материјал откриен во прашина од катастрофата на ВТЦ на 11 септември“, поднесе оставка непосредно по објавувањето на статијата.

Џонс не покажа со прст кон виновникот, но истакна дека службите за одржување работеле поинтензивно на кулите неколку дена пред нападот.

Така тој алудираше дека тие веројатно поставиле експлозив. Тој исто така тврди дека пожарот на „нормален“ авион нема да достигне толкава температура што ќе ја стопи челичната конструкција.

Официјалните објаснувања не ги убедија ниту професионалците ниту лаиците. Откако Близначките се срушија, се сруши и соседната зграда на ВТЦ 7 со 47 ката, која се урна за само 6,6 секунди. Во неа не удри авионот, а официјална причина е пожар.

Американскиот институт за архитекти собрал 1.000 потписи од своите колеги експерти. Тие бараат нова истрага бидејќи никој не може да ги убеди дека 200.000 тони челик успеале толку брзо да се распаднат и да паднат на земја.

Авионот со дијаметар на крилата од 37 метри, што го погоди Пентагон, остави дупка од само пет метри. На скептиците им е тешко да се верува дека почетниците пилоти успеале толку лесно да маневрираат со огромните авиони.

Најголемиот поборник на теоријата дека Пентагон не бил погоден од Боинг, туку од ракета е Џим Хофман, а францускиот новинар и политички активист Тиери Мејсан напиша книга на оваа тема наречена 9/11: Големата лага.

За телата пронајдени во Пентагон се тврди дека подоцна биле таму оставени, а повиците од авионот биле фалсификувани. Поради големиот интерес на јавноста и според законот за слобода на информации, американските власти мораа да покажат снимки од надзорните камери од Пентагон и околните згради во 2006 година.

Ниту еден од присутните медиуми не виде јасно како авионот удрил во Пентагон. Тие пријавиле дека виделе бела грутка, бела испакнатина и тенка бела дамка. Официјалното објаснување го понуди професорката по градежништво Мете Созен од универзитетот Пурдју во Индијана.

Во моментот на ударот, едното крило на авионот удрило во земјата, а другото во потпорни столбови, поради што дупката била толку мала. Штетата дополнително се намали бидејќи неодамна тоа крило на Пентагон беше обновено.

Теоријата што ја застапуваа Нико Хаупт, Дејвид Шајлер и поранешниот главен економист за време на администрацијата на Буш, Морган Рејнолдс, е толку табу што дури и ветераните од Движењето за вистината 11.09 не се осмелуваат да зборуваат за неа, и многумина ја отстранија од своите портали.

Близначките не биле погодени од авиони, туку од проектили опкружени со холограми за да дејствуваат како авиони. Тие ги темелат своите докази на единствената аматерска снимка од ударот.

Гледајте ги снимките дел по дел и ќе видите огромен проектил во форма на цигара како удира во кулите, рече Рејнолдс.

Единствениот авион што не ја погоди целта тој ден беше летот 93. Патниците слушнаа што се случи со Близначките и Пентагон и претпоставија каква ќе биде нивната судбина. Тие им се спротивставија на терористите и го урнаа авионот во една нива.

Сепак, една од најпопуларните теории на заговор тврди дека авионот бил соборен од американската војска. Дејвид Реј Грифин и Алекс Џонс тврдат дека големи делови од авионот, вклучително и моторот, се срушиле со километри од местото на несреќата, што не е вообичаено за „нормална авионска несреќа“. Логично објаснување е дека авионот бил погоден од проектил, а причината е што патниците откриле каква им е судбината.

Очевидци пред падот виделе мал авион кој лета над патничкиот авион. Додека поборниците на теоријата веруваат дека токму тој авион го сруши летот 93, ФБИ тврди дека станува збор за деловен авион Дасо Фалкон, од кој тие побарале да лета пониско и да го надгледува ударот.

Најчестиот одговор е дека тоа го направиле ЦИА и Мосад за да им дадат повод на Американците да интервенираат во Авганистан и Ирак.

Другото објаснување е дека Американците беа пред распад на финансискиот систем пред нападот, а дека терористичкиот напад беше нивното идеално оправдување за колапсот.

Фактот дека ПВО не реагираше иако требаше да се соборат авионите пред ударот, одат во прилог на теориите дека Америка стои зад сето тоа.

Во рушевините на Бизначките и ВТЦ 7 изчезнаа бројни документи на тајните и државните служби, но и на банката ЈП Морган. Од 950 милиони во златни прачки, биле пронајдени само 230 милиони.

Само шест недели пред нападот, облакодерите на ВТЦ беа изнајмени од Лери Силверстејн. Со полисата за одигурување тој ги заштити облакодерите од терористички напад. Само во тој случај тој можеше да биде ослободен од обврската за закуп на 99 години. Силверстејн после нападот и договорот со одигурителната компанија беше побогат за 4,5 милијарди долари.

Исто така, како што се очекуваше, вредноста на акциите на Јунајтед ерлајнс и Американ ерлајнс паднаа по нападот, а неколку дена претходно беше забележана невообичаено голема трговија со тие акции.

Со години по терористичкиот напад, светот се плашеше од Осама бин Ладен. И тогаш Американците тргнаа во брза акција.

Откако со години не можеа да го пронајдат, затоа што не користеше модерна технологија, тие го откриле неговото скривалиште во Абботтабад.

Во акцијата на 2 мај 2011 година, тие го убија најбараниот човек на светот, а веднаш потоа следеа теории на заговор. Некои тврдат дека тој е одамна мртов, а други дека е сè уште жив. Вашингтон забрани објавување на слики на телото за да не се предизвикаат и провоцираат екстремисти. Сепак, во некои медиуми се појави фотографија од неговото убиство за која наскоро се откри дека е лажна.

Пакистанците влегоа во куќата каде што беше убиен веднаш по акцијата и не најдоа никакви докази за смртта. Сепак, Ел Каеда ја потврди смртта на водачот. Асошиетед прес и Јудишал воч побараа од американската влада да им ги покаже фотографиите и видеото од убиството на Бин Ладен, но до денес не добиле одговор. Телото на Бин Ладен веднаш беше фрлено во морето, на непозната локација.

Пред тоа ја анализирале неговата ДНК. Имено, според исламот, телото мора да биде погребано во рок од 24 часа, а тие се одлучиле да го погребаат во морето за неговиот гроб да не стане атракција. Американскиот радио водител Алекс Џонсон тврди дека неименуван американски политичар му рекол дека Бин Ладен починал во 2001 година.

Телото беше замрзнато за подоцна да може да се користи за пропагандни цели.

галерија: reuters.com