Учениците носејќи маски на лицата се вратија во училиштата во Вухан, градот каде што за прв пат избувна епидемијата на коронавирус.

Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки. Државните медиуми објавија слики од илјадници ученици кои носеа кинески знамиња или се сликаа пред кинеското знаме при враќање во училишните клупи.

Властите ги советуваа учениците да носат заштитни маски и, доколку можат, да избегнуваат патување со автобус и воз. Тие исто така изјавија дека ќе се префрлат на онлајн модел на настава во случај на појава на нови жаришта.

Кина во последните неколку дена не пријави нов локален пренос на коронавирус.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *