Осумгодишно девојче е убиено за време на насилните протести во Атланта, на истото место каде што поранешниот полицаец го усмрти Афроамериканецот Рејшард Брукс.

Малата Секориа Тарнер била убиена додека се возела во автомобил со својата мајка, односно додека се паркирале на место каде што вооружените демонстранти поставиле барикади.

Во тие моменти некој од групата на демонстранти отворил оган кон возилото и куршумот го погодил девојчето кое набрзо потоа им подлегнало на повредите.

Сега е навистина доста. Зборуваме за движењето кое го има ширум Америка, во време кога луѓето во земјата и светот говорат дека сакаат промени. Се бориме против внатрешен непријател кога пукаме едни во други на улиците. Пукавте во дете и го убивте. А, не пукал само еден од демонстрантите, туку двајца“, порача Ботомс.

„Имавме преку 75 престрелки во градот во изминатите неколку седмици. Не можете за тоа да ја обвинувате полицијата во Атланта. Осумгодишно девојче е убиено затоа што нејзината мајка возела на улица. Не сакате да има на улиците некој кој пука во автомобили. Ако знаете кој го сторил тоа, треба да го пријавите“, изјави Ботомс.

Полицијата понуди награда од 10 илјади долари за информација која би довела до апсење на убиецот. Во тек е истрага, а осомничените сега се опишани како „група на црномурести лица“.

Да потсетиме, насилните протести избија откако неодамна беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицијата при апсење во Минеаполис.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *