Јавната презентација на „финансиските тешкотии“ на американскиот рапер Кание Вест му донесе неочекувана понуда од младиот син и наследник на саудискиот крал Салман, принцот Мухамед.

Понудата гласи: 10 милиони долари за да помине една ноќ со неговата сопруга, Ким Кардашијан.

Канје Вест создаде тревога низ целиот свет уште во февруари, откако објавви на Твитер дека има 53 милиони долари личен долг.

Самопрогласениот „најголем уметник на сите времиња“ побарал помош од Марк Цукерберг, кому му побарал милијарда долари за да ја продолжи својата работа . Тој исто така рече дека ќе биде подготвен да прифати пари од Лери Пејџ на Гугл или кој било друг богат донатор.

Моќниот принц, кој има проценето богатство од повеќе од милијарда долари, подготвен е да му плати на раперот 10 милиони долари за една ноќ со неговата сопруга.

„Воопшто не ми е гајле за неговата музика или неговата облека“, изјави принцот Мохамад пред новинарите, „но неговата сопруга е богатство од непроценлива вредност. Со задоволство би платил 10 милиони долари или повеќе да поминам една ноќ со неа “, рече принцот и го шокираше светот.

Ниту Кание Вест, ниту Ким Кардашијан се уште не реагирале на понудата, што веќе предизвика бурни реакции од различни феминистички организации.