Алжирскиот тенисер Ајмен Иклеф беше суспендиран доживотно, поради местење натпревари.

АТП објави дека овој играч извршил дури 10 прекршувања на „Тениската програма против корупција“, вклучувајќи четири случаи на местење натпревари.

23-годишниот тенисер ќе мора да плати 100.000 УСД, што е висината на неговата казна.

Алжирецот дури и признал дека во два наврати тој побарал од другите играчи „да не даваат сè од себе“.