Врз основа на лични и политички причини, јас се повлеков во неделата – рече Шејер

Вистински скандал ја тресе Европската унија, бидејќи во медиумите се појавија информации дека 25 мажи наводно присуствувале на сексуална забава што во петокот ја прекинала полицијата во Брисел. Меѓу нив, имаше неколку членови на Европскиот парламент, а еден од нив е унгарскиот политичар Јозеф Шајер.

Во медиумите се појави информација дека полицијата открила и дрога за време на рацијата, а забавата била прекината поради кршење на наредбата за забрана за собирање поради ширење на вирусот корона.

Порталот „Еурактив“ наведува дека всушност станува збор за „геј-оргија“, а наводно Шајер, кој е познат по застапување на конзервативни и католички вредности, бил фатен како бега од забавата.

Наводно полицијата го запрела на улица со крвави раце, а органите за спроведување на законот претпоставуваат дека тој бил повреден додека бегал. Некои, пак, тврдат дека тој побегнал така што рипнал низ прозорецот.

Унгарскиот политичар изрази жалење што ја прекрши наредбата за забрана за собирање поради пандемијата на коронарниот вирус и рече дека е подготвен да сноси последици за тоа што го стори.

  • Врз основа на лични и политички причини, јас си дадов оставка во неделата … Мојата грешка е чисто лична, ве молам не ја обвинувајте мојата земја, ниту партијата во која припаѓам – објасни Шејер