Веселин Драгомиров (41) во вторникот го загуби животот во болницата во Перник. Поради анти-епидемиолошките мерки, на роднините не им беше дозволено да го идентификуваат. Погребот беше организиран неколку дена подоцна.

Мајката на починатиот објаснува: Во моментот кога јас почнав да го прегрнувам ковчегот, некој го тргна ковчегот од под мене и ми рече дека е направена грешка. Само слушнав:”Не го спушајте ковчегот, направена е грешка”, вели Лилјана Васева, мајка на Веселин Драгомиров и додава: Верувајте среќа што попот доцнеше инаку ќе погребавме погрешен човек.

Потоа дојдоа од погребалната агенција и го земаа ковчегот назад, а братот на Веселин започнал да бара информации како се случи грешката. Прво што направи се поврза со патолозите во болницата каде што почина Веселин.

Оттаму му одговориле: “Само момент, треба да ја прашаме медицинската сестра кога ќе дојде на смена, таа сигурно знае.“

Дојде некоја жена, вели тој, и ми рече дека името на ковчегот е погрешно напишано. Тогаш јас побарав да се отвори и да се види кој е внатре. Жената беше многу коректна и ја повика агенцијата која ги организира тие работи, рече Емил Драгомиров, брат на починатиот маж.

Агенцијата објасни дека од болницата добиле повик и дека е настаната конфузија поради одлепено ливче од ковчегот.

„Долу, кога има 10-15 мртви луѓе со напишани имиња, нормално е да падне лепенката од една и да се залепи на друга мртва личност“, објасни Јулијан Кирилов, менаџер на погребната агенција.

Болницата веќе го истражува случајот.

“Им се извинувам на роднините за инцидентот. Но, ние сè уште сме во голема криза и во ситуација кога сите се важни, но луѓето се збунети, рече д-р Анатоли Митов, извршен директор на МБАЛ „Рахила Ангелова“, во Перник.

Семејството ќе бара надомест на штета на суд.