Повеќе од 1.300 лица во Велика Британија се погрешно информирани дека биле заразени со коронавирус по лабораториска грешка во владиниот систем за тестирање NHS, изјави за викендот Министерството за здравство и социјална заштита.

По уведената грешка преку системот NHS беа контактираа 1.311 луѓе на кои погрешно им беше кажано дека резултатите од тестовите за ковид-19, спроведени помеѓу 19 и 23 ноември, се позитивни. Овие резултати од тестовите не се валидни, објасни портпаролот на Министерството во изјавата испратена по е-пошта.

Беа преземени брзи мерки за информирање на лицата, и од нив беше побарано да направат уште еден тест и да останат во самоизолација доколку имаат симптоми.

Лабораториската грешка што го предизвика проблемот е „изолиран инцидент“ и се испитува, се вели во соопштението.

NHS системот за тестирање и следење на беше сериозно критикуван по низата значајни неуспеси од неговото промовирање во текот на оваа година, а министрите признаваат дека не е имплементиран како што се надеваа.

Во септември, податоците за скоро 16 000 позитивни случаи беа изгубени од системот неколку дена – што предизвика доцнење во следењето на контактите.

Владата за тоа го обвини наследениот датотечен систем кој ја прекинува евиденцијата по околу 65.000 редови на податоци.

Анализите на Ројтерс и интервјуата со лица за контакт покажаа дека има проблеми со системот.

Велика Британија има околу 1,6 милиони случаи на коронавирус и над 57.500 смртни случаи, според податоците на Ројтерс.