Биткоинот скокна над 300% во 2020 година, а неговата сегашна вредност е близу 60.000 УСД, што е раст од околу 100% само во 2021 година

Порастот на криптовалутата делумно беше поттикнат од влегувањето на традиционалните инвеститори на дигиталниот пазар. Познатите милијардери на Вол Стрит минатата година јавно ја поддржаа криптовалутата, што дополнително го зголеми нејзиниот раст. Нивните изјави ги охрабрија другите, скептични инвеститори да влезат на овој нов пазар.

Големите финансиски компании како PayPal и Fidelity, исто така, поддржаа крипто валута, а Фиделити поддржува употреба на Bitcoin на нејзината платформа. Покрај тоа, компаниите како „Сквер“ и „МикроСтратегија“ започнаа да купуваат Биткоин.

Друга причина за поскапувањето на Биткоин се малите инвеститори кои се плашат да не пропуштат нова можност на дигиталниот пазар и одлучуваат да купат криптовалута. Сепак, треба да се нагласи дека неодамнешниот раст на Биткоин првенствено беше воден од големи инвестиции, што може да овозможи оваа криптовалута да расте постабилно, за разлика од претходните осцилации и скокови предизвикани од медиумското внимание и шпекулациите.